Овие земји имаат најголемо позитивно влијание врз светот

- Advertisement -

Најновата анкета на Ipsos MORI, во која беа вклучени 18.000 испитаници од 25 нации од целиот свет, покажува дека само 40% мислат дека САД има позитивно влијание врз остатокот од светот, и покрај тоа што Америка важи за земја на демократијата и еднаквоста на луѓето. Тоа е помал процент отколку процентот на испитаници кои мислат дека Кина има позитивно влијание врз остатокот од светот – 49%, а не е многу повеќе од Русија со 35%. Во истражувањето беа вклучени и глобални организации како ОН и ЕУ, пренесува Светскиот економски форум.

Канада, пак, се смета за земја која поставува најдобар пример за останатите земји – 81% од испитаниците мислат дека Канада има позитивно влијание на глобално ниво. Австралија и Германија се веднаш зад неа на втора и трета позиција. На четврто место се Обединетите нации.

- Advertisement -

Од европските земји, ЕУ и Обединетото Кралство се смета дека имаат позитивно влијание во светот со 57%. Израел и Иран, пак, се на дното на листата со само 32% и 21% од испитаниците кои мислат дека нивното глобално влијание е позитивно.

Сподели!
- Advertisement -