Пристигнува првата Барби со хиџаб

- Advertisement -

Производителот на играчки  и на најпознатата кукла во светот, Барби, изминатите години се обидува да ја смени перцепцијата за Барби и да ја направи поинклузивна за сите раси и нации, различни типови тело итн. Неделава компанијата направи уште еден чекор напред и го најави дебито на првата Барби која ќе носи хиџаб, муслиманска марама, а се базира на ликот на познатата американска мечувалка Ибтихаџ Мухамад.

Куклата беше претставена на самитот Women of the Year LIVE на магазинот Glamour и е последната во линијата Barbie Sheros, која е во чест на жените кои рушат граници во споите полиња и ги инспирират идните генерации. Претходните Барби во линијата беа инспирирани од ликовите на балерината Мисти Коупленд, моделот Ешли Греам и режисерката Ева Диверне.

- Advertisement -

Мухамад е добитничка на бронзен медал на Олимписките игри во Рио и е првата Американка која на Олимпсики игри се натпреварувала со хиџаб на главата. Таа е и дизајнер на линија облека за скромни жени насловена Louella. Куклата Барби со хиџаб ќе почне да се продава во 2018 година.

Сподели!
- Advertisement -