Триглав Осигурување Скопје – со стабилно и доверливо работење до добри резултати

- Advertisement -

 

 

- Advertisement -

Групацијата Триглав, овогодинешниот деветмесечен период го заврши со добивка пред оданочување во висина од 64,5 милиони евра. Доколку се земат во вид предвидените прилики до крајот на годината, во Заваровалница проценуваат дека ќе се оствари годишниот план. Консолидираната бруто полисирана премија од осигурување изнесуваше 777,1 милион евра, што е 8% повеќе во однос на истиот период минатата година. Бруто износите за штети се зголемија за 5%, на висина од 467,4 милиони евра, како последица од зголемувањето на осигурителното портфолио и зачестеноста на штетните настани, споредено со минатата година. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав останува поволен (95,3%) и на ниво на неговата просечна целна вредност за стратешкиот период. Групацијата, во тешките околности на пазарите на капитал, успешно управуваше со финансиските инвестиции во вредност од 3,1 милијарда евра, во согласност со својата релативно конзервативна инвестициска политика. Триглав Осигурување Скопје, којшто е дел од Групацијата Триглав, во деветте месеци од 2017 година забележа раст во премија и успешно работеше во својата основна дејност.

 

- Advertisement -

Профитабилно работење. Групацијата Триглав деветте месеци од 2017 година ги заврши со добивка пред оданочување во висина од 64,5 милиони евра (минатата година 67,5 милиони евра) и со нето добивка во висина од 52,3 милиони евра (минатата година 53,6 милиони евра).

 

- Advertisement -

Раст на премија на сите пазари и во сите три сегменти на осигурување. Споредено со истиот период минатата година, Групацијата Триглав оствари раст на премија од 8% (777,1 милион евра). Раст на премија е остварен во сите три сегменти на осигурителната дејност. Премијата од осигурување на имот се зголеми за 8%, од осигурувањата на живот за 3%, а кај здравствените осигурувања за 14%. Групацијата на сите свои пазари оствари раст на премиите, при што, на словенечкиот пазар тој раст во просек изнесува 7%, а на останатите пазари 11%. Во 2017-та година ситуацијата на осигурителните пазари постепено се подобрува, но сеуште владее  агресивната ценовна конкуренција.

 

Зголемен број на штетни настани, поволен комбиниран коефициент. Групацијата Триглав имаше 5% повисок бруто износ на штети (467,4 милиони евра). Зголемениот број на штетни настани е последица од зголеменото осигурително портфолио и од зачестеноста на штетите, но и од масовните штетни настани, кои што во 2017-та година ги имаше повеќе, споредено со минатата година. Нивната вкупна вредност во првите девет месеци од оваа година изнесуваше 25 милиони евра (оваа вредност за цела 2016 година изнесуваше 19 милиони евра). И покрај зголемениот коефициент на штети, комбинираниот коефициент на Групацијата остана поволен и истиот изнесуваше 95,3% (минатата година 95,0%), што е на ниво на просечната целна вредност за стратешкиот период.

 

Приноси од финансиски инвестиции. Групацијата на крајот на септември, 2017-та година располагаше со 3,1 милијарда евра финансиски инвестици. Со инвестициите се управуваше успешно и покрај тоа што поради ниските каматни стапки беа реализирани пониски приходи од камати, споредено со минатата година. Гледано преку вредноста, приносите од финансиски инвестиции останаа на минатогодишното ниво и тоа првенствено поради повисоката добивка од продажба на финансиските инвестиции.

 

Потврден кредитен рејтинг »A«. Во 2017-та година, исто како и минатата година, обете кредитни агенции, S&P Global Rating и A.M.Best ѝ ги дадоа на Групацијата Триглав истите високи кредитни рејтинзи »A«, со стабилна среднорочна прогноза. Агенциите притоа ја нагласија континуираната профитабилност во работењето во последните години, водечката позиција на пазарот, финансиската стабилност на Групацијата, добрата заштита преку реосигурување и соодветното управување со ризиците. Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, г. Андреј Слапар изјави: »Нашето работење во деветте месеци од оваа година беше профитабилно и безбедно, а Групацијата е финансиски стабилна, што се потврдува и со високите кредитни рејтинзи. Состојбите на пазарите на капитал и понатаму се тешки, а покрај тоа, оваа година имаме и зголемен број на масовни штетни настани. Имајќи ги во вид предвидените прилики за работа до крајот на годината, цениме дека ќе го реализираме нашиот годишен план. Во 2017-та година продолжуваме, или пак започнуваме со спроведување на активности, кои што се во согласност со насоките дадени во нашата стратегија за периодот 2017-2020 година. Во средиштето на нашите активности се нашите клиенти и, со оглед на нивните потреби и специфики на поединечните пазари, ќе ги прилагодуваме и развиваме нашите понуди и продажни канали. На своите пазари инвестираме во сегментите од осигурителната дејност од коишто очекуваме најголем степен на раст. Така, оваа година влеговме на пазарот на доброволно пензиско осигурување во Босна и Херцеговина и на македонскиот пазар за осигурувањето на живот. Убеден сум дека посветеноста и енергијата на тимот на Групацијата Триглав е гаранција дека успешно ќе ги оствариме целите кои си ги поставивме.«

 

Групација Триглав на пазарот на Македонија

Триглав Осигрување АД, Скопје, со своето стабилно, професионално и доверливо работење оствари добри резултати во третиот квартал од 2017-та година. Компанијата обезбеди бруто полисирана премија во износ од 16,7 милиони евра, што е за 1% подобар резултат споредено со истиот период минатата година. Најдобар индикатор за успешното работење во основната осигурителна дејност е комбинираниот коефициент, којшто во дадениот период изнесуваше 97,5%. Количникот под 100 го одразува позитивното работење во доменот на неживотно осигурување.

 

Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ, смета дека особено значајни се резултатите коишто Триглав Осигурување континуирано ги остварува во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, каде, на крај на третиот квартал од 2017-та година беше постигнат раст  во бруто полисирана премија од 14% во споредба со истиот период минатата година. »Исклучително важно е да го следите развојот и новите трендови на пазарот на којшто работите, како би имале слух за неговите потреби. Доброто познавање на приликите во стопанството нѐ поттикна први на пазарот да воведеме потполно нов производ – осигурување на побарувања, од кој што во голема мера постои потреба во корпоративниот сегмент. Овој производ ги штити нашите клиенти и обезбедува навремена и потполна исплата на нивните побарувања, го стабилизира нивното финансиско работење и ја подобрува нивната конкурентност, а со тоа и продажните резултати«, објасни во оваа прилика г. Војновиќ.

 

Сподели!
- Advertisement -