Холандска компанија пластичниот отпад го претвора во уличен мебел

- Advertisement -

Според некои статистики, жителите на Амстердам годишно по човек создаваат отпад од околу 23 кг. Годишниот отпад од тројца жители е доволен за 3Д печатење на две големи пластични клупи за јавнтие површини во главниот град на Холандија. На тој начин kg (50 lb) of plastic waste per person per year. Студиото за истражување и дизајн The New Raw од Ротердам веќе го направи првиот прототип на една таква клупа, која ја нарече XXX.

За секоја клупа XXX се искористени 50 кг пластичен отпад. Клупата е долга 150 см, широка 80 см и на неа можат да седнат од двајца до четворица луѓе. Прототипот е направен со помош на голем 3Д печатач кој работи со пелети. Од The New Raw велат дека клупата е наменета за нишкање, а тие што седат на неа заедно треба да воспостават рамнотежа или самите да се нишкаат, пишува New Atlas.

- Advertisement -

„Во градовите денес може да се најде долготрајна примена за рециклирана пластика. Во тој правец технологијата за 3Д печатење овозможува затворање на кругот на употреба на пластиката без притоа да се креира какво било отпад. Освен тоа, може да се врши и поправка или да се прилагодува на потребите на сеој индивидуалец. Така градовите ќе емитуваат многу помалку јаглерод диоксид“ велат од студиото.

Формата и големината на клупата може да се прилагодат на индивидуалните потреби, а бизнисите можт да постават логоа или пораки во дизајнот. Кога веќе ќе биде дотраена клупата повторно може да се рециклира и од неа да се направи друг уличен мебел. Клупата XXX е првата која се најде на улиците во Амстердам, но новиот истражувачки проект на The New Raw веќе сака да ја прошири примената и да вклучи и други видови пластичен мебел како корпи за отпадоци, делови од игралишта и автобуски постојки.

Сподели!
- Advertisement -