Живописни патувања со воз низ преубавата Швајцарија

- Advertisement -

Особено во зимскиот период, кога Алпите се побелени со снег или напролет кога сите падини и низини се позелени во Швајцарија може да се избере една од четирите живописни патувања со воз по најпознатите четири рути.

Линијата GoldenPass е неверојатно патување со три луксузни возови и панорамски поглед низ три различни планински премини. Glacier Express е панорамско патување низ недопрената убавина на глечерите, старите тврдини, планинските извори и долини.

- Advertisement -

Bernina Express е патување низ Аплите со стил додека возот се искачува на неверојатни 2.223 метри до преминот Бернина и нуди поглед на околината кој го одзема здивот. Можете да пробате и еднодневно патување до Тирано во Италија.

Последната линија е Gotthard Panorama Express, едно лежерно патување во траење од неколку часа во рамките на кое има повеќе од два часа крстосување на езеро со панормаски воз од прва класа низ тунелот Готард.

Сподели!
- Advertisement -