Шкотска е првата земја во светот која ќе постави минимална цена на алкохолот

- Advertisement -

Шкотска ќе стане првата земја во светот која ќе постави минимална цена на единица алкохол кога ќе биде усвоен законот идната година. Велс ќе ги следи во чекор, со што ќе се изврши притисок врз Англија да го направи истото.

Дополнителните трошоци нема да бидат во форма на данок и сите собрани приходи ќе останат за трговецот. Според властите на Шкотска, ова е храбар и неопходен чекор за да се подобри јавното здравје. Како што пренесува The Guardian, минималната цена ќе биде утврдена на половина фунта за единица алкохол.

- Advertisement -

„Ова е историски момент и одлука во остварувањето на нашите амбиции да го смениме односно на народот во Шкотска со алкохолот. Со оглед на очигеледната врска меѓу консумацијата на алкохол и нанесувањето штета, минималната цена е најефективен и најефикасен начин да се спречи употребата на евтиниот алкохол кој нанесува огромна штета на многу семејства“ велат од Шкотска.

Злоупотребата на алкохолот ја чини Шкотска неверојатни 3,6 милијарди фунти или просечно 900 фунти по човек. Злоупотребата на алкохол е најчеста појава кај најсиромашните слоеви. Борбата за утврдување минимална цена на алкохолот беше долга и тешка за шкотската влада.

Сподели!
- Advertisement -