Велика Британија сака да го забрани пристапот до Facebook и Twitter за деца помали од 13 години

- Advertisement -

Според новиот закон за кој се дискутира во Велика Британија, децата помлади оф 13 години нема да смеат да пристапат до социјалните мрежи Facebook и Twitter за да се заштитат од медиумска злоупотреба. Според Telegraph закон за заштита на податоци ќе утврди старосна граница врз основа на која децата ќе можат да креираат профили на социјалните мрежи.

Меѓутоа, предлогот веројатно нема да ја добие поддршката на некои партии кои инсистираат дека компаниите мора да ги адаптираат своите врб страници на помладите корисници. Предлогот доаѓа од министерот за внатрешни работи, Амбер Руд, кој во Вашингтон ќе одржи состанок со претставници на компаниите Google, Facebook и Microsoft. Според BBC, пак, полицијата во Велика Британија месечно апси по 400 лица поради непристојни фотографии од деца и моментално повеќе од 500 деца се под заштита од онлајн експлоатација.

Сподели!
- Advertisement -