Овој швајцарски супермаркет е првиот во Европа кој продава храна од инсекти

- Advertisement -

Би јаделе ли хамбургер со плескавица од црвци? Доколку живеете во Швајцарија, тогаш дефинитивно би можеле да почнете

Швајцарскиот ланец на супермаркети Coop објави дека ќе понуди прехрамбени производи направени од инсекти. Со тоа, Швајцарија станува првата европска држава која ќе понуди ваков тип на храна наменета за луѓе.

Иако некои видови на инсекти се сметаат за деликатес во многу азиски нации, инсектите се забранети за исхрана во многу западни држави. Но Швајцарија ги промени своите закони за храна во мај годинава и сега во државата може да се продава храна од три вида на инсекти: скакулци, штурци и посебен вид на црвец.

- Advertisement -

Храната од инсекти која се продава ширум Швајцарија од август, е произведена од стартапот Essento. Стартапот доби поддршка од најголемата иницијатива во Европа за иновации поврзани со климатските промени, Climate – KIC.

Штетните гасови кои доаѓаат од одгледувањето на добиток зафаќаат една седмина од вкупните емисии на штетни гасови предизвикани од човечка активност. Метанот пак кој го испуштаат животните кои ги конзумираме е триесет пати поштетен од јаглерод диоксид.

- Advertisement -

Доколку го добиваме потребниот протеин од инсектите, тогаш значително ќе се намали влијанието кое го има нашата исхрана врз планетата. Инсектите исто би помогнале во обезбедување храна за милионите луѓе кои гладуваат низ светот.

До 2025 година, светската популација од 9,7 милијарда луѓе ќе бара 70% повеќе храна отколку што конзумираме денес.

- Advertisement -

Исто така, се проценува дека помалку од половината храна која ја произведуваме, завршува во отпад – околу 1,3 милијарда тони.

Сподели!
- Advertisement -