Фондот за иновации ќе ја поттикнува креативноста кај учениците со изработка на иновативни наставни помагала

- Advertisement -

Новото поле на делување  на Фондот за иновации и технолошки развој  (ФИТР) за примена на иновации во јавниот сектор продолжува со два повика во областа на образованието, за поттикнување креативни идеи кај основци и средношколци, и за изработка на иновативни наставни помагала. Следната година Фондот планира 15 милиони до 20 милиони евра за пласман во националната економија

„Целта  не е да имаме комерцијално успешен продукт или услуга, туку реално развивање на култура на креативно размислување кај младите. Во изминатите три месеци во нашите анализи на состојбите утврдивме дека има голем потенцијал за финансирање проекти, но за жал од друга страна имаме реално мал интерес на користење на средствата. Со поддршка на оваа реформа во иднина ќе го зголемиме пазарот за пласман на финансиски продукти на Фондот, односно на среден рок да добиеме што повеќе квалитетни апликации во економијата со домашни човечки ресурси“, најави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски во интервју за МИА.

Тој информира дека најавува дека во соработка со Светска банка ги финализираат активностите за објавување повици за инструментите акцелератори и технолошка екстензија за кои  досега немаше објави.

- Advertisement -

Се прават напори, како што вели, да се откочи реализацијата на четврт повик за финансиска поддршка на стартап и иновативни идеи до фаза на комерцијализација, со кој се распределуваат 85 милиони денари. Тој повик е стартуван на почетокот на годината, а новото раководство го затекнало во фаза на истечени рокови.

–  На Владата и предложивме конкретно решение, таа го одобри и во фаза сме на поставување нов комитет за одобрување на инвестициите кое ќе ни помогне да ги рестартираме роковите за евалуација. Се надеваме дека до крај на годината ќе го завршиме повикот со евалуација, ќе имаме можност да потпишеме договор со успешните апликанти и веднаш на почетокот на следната година да одиме со објавување нови повици за нови средства, најавува Деспотовски.

- Advertisement -

Фондот за иновации и технолошки развој ќе и предложи на Владата проект со кој институциите ќе одвојуваат одреден процент од вкупните средства за јавни набавки  за поддршка на иновативни продукти и услуги.  – Целта е да се намалат трошоците на јавните набавки затоа што ако државата инвестира во развивање на одреден продукт нормално треба да биде по субвенционирана цена. Продуктот ќе се развива во домашната економија која е поевтина и поконкурентна од странските добавувачи и ќе добиеме подобар квалитет во голем број случаи. Од една страна ќе имаме реална заштеда во буџетот, а од друга страна поттикнување на домашната економија. Ова е проект што го иницираме сега и за кој очекуваме поддршка од Владата, вели Деспотовски.

Сподели!
- Advertisement -