Започнува втората потрага по „Добри брендови“ во Македонија

- Advertisement -

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), кој во Македонија е носител на проектот Smart Start (ко-финансиран од Европската унија и се спроведува во пет земји како што се Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција), најавува дека започнува нова потрага по добри домашни брендови кои ја препознаваат потребата од развојот на социјалното претприемништво во земјава

Во текот на 2017 година во рамки на проектот Smart Start, десет македонски невладини организации добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија, а нивното преминување од невладина организација во социјално претпријатие беше помогнато со менторирање од домашни компании кои добија признание Добар бренд. Позитивната страната на менторството и придобивките од вклучувањето во овој проект во 2017 го препознаа компаниите како што се ОКТА, Адора инженеринг, Стопанска банка а.д Скопје, Пакомак, ЕВН, Стопанска банка- Битола и Бучен Козјак.

Поради големиот успех на проектот и интересот кој го побуди проектот и кај невладините организации кои имаат желба да работат како социјално претпријатие и кај општествено одговорните компании, ЦИКП во моментов работи на нов повик за продолжување на проектот со цел создавање нова генерација социјални претпријатија и поврзување на истите со нови Добри брендови.

- Advertisement -

Претставници од ЦИКП велат дека е потребно да се следат пет чекори за да се стане Добар бренд,  а тоа е:

  • добра информираност за социјалното претприемништво- светски тренд за решавање на предизвиците во заедницата;
  • придонес во фондот за развој на социјалното претприемништво;
  • обезбедување менторство на барем едно социјално претпријатие;
  • вклучување во школата за социјално претприемиштво и
  • желба за развој на општествена одговорност и станување Добар бренд;

Повеќе информации за целиот проект може да се најдат на службената facebook страна на ЦИКП: https://www.facebook.com/crpm.org.mk/

Сподели!
- Advertisement -