Најбогатите Словенци ги регистрираат своите бизниси во странство

- Advertisement -

Од десетте најбогати словенечки претприемачи според магазинот Manager, девет своите компании ги регистрирале во странство најмногу поради даночната политика.

Први на листата на најбогати Словенци се брачниот пар Иза и Само Логин кои својата компанија Outfit7 ја основале на Кипар. Подоцна, матичниот бизнис го регистрираа во Лондон, а компанијата Izzas Establishment пак во Лихтенштајн.

На третото место е Марко Пистотник кој имаше 18% сопственост во Outfit7 на Кипар, пред таа да биде продадена на Кинезите.

- Advertisement -

На Кипар се регистрирани и компаниите на семејството Лах кои се на десеттото место на листата на најбогатите Словенци.

Санди Чешко, вториот најбогат Словенец, својата компанија Holding Studio Moderna ја основал во Холандија. „Причината поради која почнавме во Холандија е бидејќи таму постои правна држава и условите за водење бизнис се целосно јасни и транспарентни. Иако Словенија има инфраструктура и луѓе, правната држава не функционира.“, изјавил Чешко за Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Во Холандија работи и Јоц Печечник кој има 90% сопственост во Interblock групацијата и е четврттиот најбогат Словенец. „Во нашите краеви може да се случи некој во иднина да спроведе национализација, како што е случајот со Agrokor во Хрватска.“, изјавил Печечник на прашањето зошто не останал да работи во Словенија.

Петти на листата се брачниот пар Татјана и Албик Добершек кои компанијата Engineering Dobersek ја регистрирале пред 34 години во Германија.

- Advertisement -

На шестто и седмо место се Дамијан Мелак и Нејц Кодриќ кои се сопственици на берзата за криптовалути Bitstream, регистрирана во Луксембург. Како причина ја наведуваат транспарентноста за добивање на работна дозвола.

Компанијата Efaflex на Габриел Рејц кој е на деветтото место, е основана во Германија и таму работи уште од 1974 година.

Од десетте најбогати претприемачи, оној кој останал и започнал бизнис во Словенија е само Игор Акраповиќ кој е седмиот најбогат Словенец.

Сподели!
- Advertisement -