Хрватскиот бизнис ангел Саша Цветојевиќ ќе го освојува регионот со логистичка платформа за е-трговија

- Advertisement -

Саша Цветојевиќ, еден од најпознатите бизнис ангели во Хрватска, па и пошироко, се шири во микрологистиката. Неговиот план е да заземе водечка улога во нудењето логистика за мали и среди е – бизниси во јадранскиот регион, а подоцна и во поширокиот. 

За да ја изгради својата логистичка платформа, договорил франшиза со компанијата Mail Boxes Etc. која е член на американската групација UPS. И покрај големата конкуренција , Цветојевиќ смета дека постои простор на пазарот за раст бидејќи е забележан огромен скок на хрватската е-трговија.

„Нашата цел не е да понудиме најниска цена на пазарот, туку најквалитетна услуга и сакаме за две до три години да отвориме 60 подружници во регионот.“, изјавил Цветојевиќ за Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Онаа празнина на пазарот која Цветојевиќ сака да ја пополни е платформа за е-трговија која е исклучиво наменета за мали и средни бизниси.

Тој не ја исклучува можноста за соработка со познатите сервиси за достава DHL, Overseas, FedEX, UPS итн бидејќи на овој начин би опфатиле и странски пазари. Планира да нуди услуги и за извозниците, посебно оние кои праќаат производи во странство.

- Advertisement -

Веќе е пронајдена локација за првата подружница на компанијата и ќе биде отворена во Загреб во февруари 2018 година. Она што ќе следува е отворање подружници и во други градови во Хрватска и Словенија, а потоа во Србија и во регионот.

„Ова е тип на бизнис на кој прометот и потенцијалот само ќе му се зголемува поради појавата на дронови за достава.“, заклучил Цветојевиќ.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -