Швајцарско село нуди 60.000 евра за да се преселите таму

- Advertisement -

Швајцарското село Албинен сака на луѓето кои би дошле да живеат таму барем 10 години да им понуди пари. Жителите на ова село во кантонот Валис на 30 ноември ќе гласаат за новата политика и за овој предлог. Според предлогот на локалната заедница, поради иселување на жителите од Албинен, едно четиричлено семејство би добило 70.000 швајцарски франци, што е повеќе од 60.000 евра.

Малото село има 240 жители, а поради иселување морало да се затвори тамошното училиште. Предлогот ги содржи и условите кои треба да се задоволат. Возрасните мора да прифатат да живеат на село најмалку 10 години. За купување или изградба на куќа мора да инвестираат најмалку 200.000 франци или поеќе од 170.000 евра и недвижноста мора да биде постојан дом, а не викендичка. Затоа на новите жители ќе им се даваат околу 22.000 евра за секој возрасен и дополнителни 8.500 евра по дете, пишува Bizlife.

- Advertisement -

„Тоа е инвестирање во иднината на селото. Во најдобар случај повторно ќе се отвори и училиштето во селото“ велат локалните жители. Исто така, заговорниците на овој предлог тврдат дека заедницата ќе профитира од новите семејства преку даноци, договори за изградба и купување производи. Албинен не нуди многу можности за вработување, но најблиските големи градови се на половина час возење од селото, а на само 6 километри се наоѓа термалното одморалиште Лојкербад.

Сподели!
- Advertisement -