ЕЛЕМ ќе го користи сензорот за соларна енергија на македонските студенти со кој победија на НАСА натпреварот

- Advertisement -

Електрани на Македонија прва ќе го примени пронајдокот на младите студенти кои беа наградени на глобалниот натпревар на американската вселенска агенција НАСА

Генералниот директор и претседател на ЕЛЕМ, Драган Миновски денес на прес конференција посочи дека уредот ќе биде искористен за одредување на локацијата на која е најпогодно да се постави 10 мегаватна фотоволтаична електрана за производство на електрична енергија од сонце, за која АД ЕЛЕМ ги почна подготовките за изградба. Уредот ќе се користи и за максимално искористување на сончевата енергија за производство на електрична енергија на целата територија на земјава.

„Со одлука на УО на АД ЕЛЕМ ќе ги поддржиме младите пронаоѓачи со одредена финасиска сума  која ќе биде спонзорство од компанијата за да продолжат понатаму со подобрување и усовршување на нивниот изум во периодот додека тој се користи од наша страна. При тоа ќе ја следат неговата ефикасност и ќе бидат на терен вклучени во неговата примена. Убедени сме дека тоа е вистинскиот начин како да ги задржиме младите да останат во татковината, а државата да им помогне во нивните пронајдоци“, изјави Миновски.

- Advertisement -

Тимот „Свифт“ победи на натпреварот NASA Space Up Challenge во организација на Њуменс бизнис акцелератори. Од април годинава работат на усовршувањето на прототипот кој подоцна, како што велат, планираат да прерасне во продукт што првично  ќе се продава на македонскиот пазар, а подоцна и на европскиот и американскиот.

Тимот се состои од Александар Момироски кој е студент на Машинскиот факултет во Скопје, студентите на ФИНКИ, Дамјан Постоловски, Павел Ѓорговски и Јаков Докузов, како и Борче Ангелов кој студира во Германија.

- Advertisement -

Тие велат дека функционалноста на продуктот е во помошта која ја пружа на идните инвеститори во фотволтаици да проверат дали инвестицијата би им се исплатела и за колкав временски период ќе ја вратат назад. Резултатите од пресметките и мерењата се достапни до корисникот во реално време 24 часа во вид на веб-апликација или мобилна апликација. Може да го користат и домаќинствата кои планираат да вградат фотоволтаици.

Петмината млади истражувачи наредниот месец ќе го посетат Кенеди спејс центарот на НАСА во Флорида, каде ќе го презентираат нивниот прототип.

- Advertisement -

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -