Заврши изградбата на најголемата литиум-јонска батерија во светот

- Advertisement -

Во март годинава Илон Маск вети дека за 100 ќе заврши изградбата на предложениот батериски систем за складирање енергија на фармата за ветар Hornsdale Wind Farm во јужна Австралија. Тој вети дека доколку не успее да ја заврши за 100 дена, самиот ќе ја плати. Проектот почна со изградба во септември и крајниот рок е на 1 декември, но од австралиската влада потврдија дека изградбата е завршена и дека е подготвена да работи.

Батериските системит Tesla Powerpack целосно се инсталирани на фармата и се се тестираат за да се осигура дека батериите ги исполнуваат стандардите псотавени од авсралиската влада и тамошниот оператор на пазарот за енергија. Премиерот на земјата најави дека батеријата официјално ќе биде лансирана идната недела.

- Advertisement -

„Додека другите зборуваат и аналзиираат, ние го реализираме нашиот енергетски план и сега јужна Австралија ќе стане повеќе енергетски ефикасна, ќе може да собере вишок евтина енергија за земјата летово. Најголемата литиум-јонска батерија во светот ќе биде важен дел од нашиот енергетски микс и испраќа јасна порака дека јужна Австралија ќе биде лидер по чистата енергија и батериите за складирање“ порачуваат иод владата.

Кога ќе почне да работи, Powerpack системот од 129 мегават-часови ќе ја задоволи потребата за енергија на повеќе од 30.000 домови.

Сподели!
- Advertisement -