Додека има такви кои веруваат дека на банкарската индустрија и се заканува автоматизација, други веруваат дека тоа само отвора нови можности. Извршниот директор на Deutsche Bank, Џон Криан, најави дека е подготвен да замени илјадници вработени со роботи во обид да ги скрати трошоците со примена на вештачка интелигенција. Во германската банка моментално има 97.000 вработени, што е дупло пов3еќе во споредба со најголемите нивни ривали, пишува Independent.
Криан истакна и дека соодносот меѓу шалтерските службеници и тие кои работат во канцеларии во Deutsche Bank е несразмерен, па затоа технологијата може да и помогне на банката да ја зголеми ефикансоста. READ Според него, има многу повеќе што ќе се добие отколку да се изгуби со вештчката интелигнеција затоа што ние луѓето сме многу склони на грешки, а поради тоа и неефикасни.
Во окмтомври 2015 година Deutsche Bank објави дека ќе отпушти дури 9.000 вработени и прекина со работа во 10 земји како дел од планот за реструктурирање. Оттогаш досега има отпуштено 4.000 работници. И други банки се обидуваат да сфатат како на најдобар начин да ја искористат вештачката интелигенција.