Осум технолошки иновации за кои светот уште не е подготвен

- Advertisement -
Дали некогаш сте помислиле дека ќе можете да телефонирате без телефон само со своите раце? Или можеби отсекогаш сте сакале да имате робот кој ќе ви помага дома? Денес сето тоа за што сте сонувале некогаш станува реалност. Но, дали светот навистина е подготвен за сите технолошки иновации? Сајтот Bright Side издвои неколку иновации кои ќе ве фасцинираат и дефинитивно ќе посакате да ги имате во животот.1.SpotMini – за оние кои од некоја причина не можат да имаат вистинско кучеSpot е мал робот на четири нозе кој може да оди наоколу, да се качува по скали  и нешто да ви донесе или однесе. Околу него не е потребна посебна грижа. Ова куче нема потреба за храна, за шетање, не може да биде агресивно, а децата ќе го обожаваат. 

2.ORII – паметен прстен кој може да зборува

Ова мало технолошко достигнување би го носеле на прстот. Во него има дупли микрофон, што значи дека нема да ви бидат потребни слушалки затоа што преку вашите коски звукот ќе доаѓа до вашето уво. Повеќе нема да мора да го вадите телефонот од џеб за да се јавите на телефон. Доволно е да го допрете увотот за да се јавите некаде. 

- Advertisement -

3. Sgnl – користете ги прстите како телефон

Sgnl е паметнo ремче кое може да ви овозможи да се јавите на некого со вашиот прст. Ремчето можете, на пример, да го замените со ремчето на класичен часовник. Се што е потребно е да се поврзете на својот паметен телефон преку Bluetooth и да уживате во разговорот. 

- Advertisement -

4. Muzo – обезбедете си тишина каде и да се наоѓате

Сите сме уморни од бучавата која не опкружува каде и да се наоѓаме. Колку и да ви се чини дека не можете да побегнете од бучното опкружување и да најдете место за да работите во тишина, сега со овој револуционерен акустичен уред можете без попречување да си работите. Muzo може да поништи разни звуци со вибрација. Освен што можете да се изолирате од бучавата, Muzo може да ви помогне да си го заштитите приватниот разговор за луѓето да не ве прислушуваат во кафуле или ресторан. 

- Advertisement -

5. Nora – паметно решение за сите кои хрчат

Овој додаток во спланата соба работи на следниот начин. Ја земате перницата на која спиете, ставате подлога под неа, го ставате уредот во близина на креветот. Во текот на спиењето кога че почнете со хрчење подлогата која сте ја ставиле под перницата нежно ќе ви ја поместува главата за да не ве разбуди, а вие нема да хрчите.

6. Scribble – пенкало мкое може да ја има бојата која ќе ја посакате

Ова е пенкало кое може да ја има бојата со која ќе посакате да пишувате или да боите. На пример, на некој предмет се наоѓа боја која ја сакате. Треба само 1-2 секунди да го чувате пенкалото на предметот и тоа ќе ја преземе бојата која ја посакувате. Станува збор за технолошки напредно мастило кое не може да се потроши или да се замати. 

7. JUNO– интелигентно огледало за шминкање

Juno има 4 функции: можете да го користите како светло за читање, огледало за шминкање, звучно светло за музика и дел каде што можете да ја ставате шминката. Со овие функции JUNO е потреба на секоја девојка. 

8. iLi– преведувач кој можете да го носите секаде со себе

Речете им збогум на сите јазични бариери кои сте ги имале досега. Овој лесно преносен преведувач е најдобра опција за сите што патуваат затоа што може да ги преведе најчестите реченици за 0,02 секунди, а нема потреба од Wi-Fi.

 

Сподели!
- Advertisement -