Кинезите сакаат аеродромот во Марибор да го направат централен во регионот

- Advertisement -

Бизнис врските меѓу Словенија и Кина значајно напредуваат во последниве неколку години.

Меѓу задничките проекти на двете земји се и Pipistrel, фабрика за авиони вредна 300 милиони долари, како и аквизацијата од пред некој период на словенечката софтвеска компанија Outfit7 за неверојатни милијарда долари. Словенците пак на кинескиот пазар, интензивно го промовираат своето вино.

„Пред неколку години, годишниот извоз на вино вредеше 100 000 долари, мината година беше 90 000 долари, додека пак само во првата половина на оваа година изнесува веќе 1,2 милиони долари. Системски вложуваме во тој пазар и првите резултати се веќе овде“, изјавил заменик премиерот на Словенија, Дејан Зидан, за B92.

- Advertisement -

Инвестициите се двонасочна улица, па така, на само неколку километри од Марибор се наоѓа аеродром кој долги години беше запоставен, но денес, кинеската групација SHS претстави големи планови за аеродромот.

Постоечката писта ќе биде проширена за дополнителни 800 метри што ќе овозможи на аеродромот да слетуваат и големи авиони како Airbus A330 или Boeing 777. Идејата е овој аеродром да стане регионален центар за патници и карго сообраќај со Кина.

- Advertisement -

Работата на аеродромот ќе започне во 2018, а капацитетот од сегашните 600 000 патници да се зголеми на 3 милиони патници.

На аеродромот моментално нема редовен авиосообраќај, само чартер летови, а на него слетуваат и мали авиони на НАТО и воени хеликоптери.

- Advertisement -

Ова не е единствената кинеска инвестиција во Марибор. Една од последните аквизации е на ТВ станицата RTS24 која има национална фреквенција во Словенија. Со овие инвестиции, годишната размена на Кина и Словенија достигна вкупно 2 милијарда долари.

Сподели!
- Advertisement -