Околу илјада Скопјани добија субвенции за велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“

- Advertisement -

Општина Центар деновиве им изврши уплата на оние граѓани кои поднесоа барања за субвенции за купување на велосипед. Средствата се доделуваат преку проектот „Цел Центар на точак“ кој беше одобрен и годинава.

На повикот биле доставени 980 барања за субвенции од жителите на Центар, а од општинскиот буџет биле предвидени средства во износ од 2,8 милиони долари. Општината субвенционира до 30% од целокупната вредност на велосипедот, а најмногу до 3 000 денари.

- Advertisement -

Годинава субвенции за купување на велосипед се доделија по четвртти пат, а вкупно четири илјади граѓани до сега добиле средства преку проектот откако истиот се имплементира. Општина Центар е првата општина во Македонија која доделува ваков тип на субвенции.

Мерката треба да ги поттикне граѓаните почесто да го користат велосипедот како превозно средство.

Сподели!
- Advertisement -