„Пастело“ прогласен за Најдобар млад бренд на Skopje Design Week

- Advertisement -

„Пастело“ е избран за Најдобар млад бренд на Неделата на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) која заврши синоќа. Оваа награда се доделува вторпат, а за неа одлучува четиричлено жири

„Критериумите секогаш варираат, од креативност, до употребливост на брендот, неговата идна вредност во контекст на развој, можен пласман и развој. Оваа година го избравме „Пастело“, дефинитивно нешто кое претставува финализиран производ кој допрва ќе зема замав на пазарот во Македонија, но и надвор.“, изјавил Александар Велиновски, директор на Неделата на дизајн во Скопје.

Седмото издание на Недела на дизајнот во Скопје се одржа од 22. до 26. ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел. Тема на овогодиното издание на беше „Звукот на материјалите“, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Наградениот „Пастело“ е млад бренд во Македонија, мала компанија составена од ентузијасти од Куманово. Инспирацијата за нивните производи потекнува директно од „звукот на материјалите”, спојот помеѓу дрво, челик и јаже. Финалниот производ е безвременски одржлив дизајн на елементи за осветлување и мебел.
Сподели!
- Advertisement -