Прашањето кое одамна се поставува, а поинтензивно последните мсесеци е каде е горната граница на вредноста на виртуелната валута биткоин. Некои тврдат дека е можно биткоин да достигне вредност од дури 25.000 долари, додека други се упорни во одбраната на тезата дека сетоа тоа е само обичен надуен балон кој ќе пукне многу набрзо. Засега не знаеме кој е во право, но знаеме дека многумина заработуваат на биткоин, кој сруши уште еден рекорд.
Zimo соопшти дека вредноста на оваа валута надмина 9.000 долари. Причина за рапидниот скок за само неколку дена лежи во реакцијата на финансиските пазари, односно на класичниот пазар кој до неодамна тврдеше дека биткоин е обична измама, а водечките светски банки и инвестициски фондови на своите клиенти им сугерираа да го избегнуваат биткоин. Најпрвин од берзата во Чикаго стигна вест дека биткоин ќе основа инвестициски фонд, а потоа и Goldman Sachs ја повлече препорака за избегнување на биткоин.
Во моментот кога тоа беше објавено, беше пробиена магичната граница од 9.000 долари, а до крајот на годината биткоин би можел да ја надмине вредноста од 10.000 долари. Интересно е да се погледне колку време беше потребно за биткоин да достигне „округла“ вредност.
$0 – $1.000: 1.789 дена
$1.000- $2.000: 1.271 ден
$2.000- $3.000: 23 дена
$3.000- $4.000: 62 дена
$4.000- $5.000: 61 ден
$5.000- $6.000: 8 дена
$6.000- $7.000: 13 дена
$7.000- $8.000: 14 дена
$8.000- $9.000: 9 дена