Холандска компанија ги „тетовира“ овошјето и зеленчукот за да не користи пластични амбалажи

- Advertisement -

Холандскиот дистрибутер на зеленчук и овошје Eosta пронајде начин како да стави органска „амбалажа“ на продуктите со која ќе ги замени лепенките или пластичните кеси. Тие тврдат дека досега имаат заштедено еден милион амбалажи откако почнале со својата технолошка иновација пред извесно време.

Органската „амбалажа“ се „тетовира“ на овошјето и зеленчукот така што се отстранува пигмент од најгорниот слој со помош на ласери. Според Eosta, методот се нарекува природно брендирање и не влијае на квалитетот, вкусот и рокот на употреба на производите. На почеток го користеле само на овошје и зеленчук со дебела кора како сладок компир или авокадо, но сега може да се „брендираат“ и продукти чија лушпа може да се јаде.

- Advertisement -

EuroNews пишува дека германскиот супермаркет REWE прв почна да продава „тетовирани“ краставици. Планот е да почне да се „тетовираат“ сите други овошја и зеленчуци, а најпрвин јаболката и крушите. „Ризикувавме затоа што не знаевме како ќе реагираат консументите. Мислевме дека купувачите ќе бидат загрижени за здравјето, особено тие што консумираат органска храна“ вели Михаел Вилде, менаџер за одржливост и комуникации во Eosta.

 

- Advertisement -

Од почетокот на годината досега порасна побарувачката за „брендираното“ овошје и зеленчук на Eosta во Европа. Најмалку десет синџири супермаркети од Австрија, Шведска, Германија, Холандија и Белгија купуваат од нивните „тетовирани“ продукти. Eosta моментално има само една машина за „тетовирање, а планира да купи уште една. Две други машини од истиот производител веќе работат во Шпанија и во Обединетото Кралство.

Сподели!
- Advertisement -