50 милениумски претприемачи кои ја градат иднината на Европа (2)

- Advertisement -

Замислете колку е важна секоја секунда во случај кога доживувате срцев удар или замислете ги ефектите врз светот доколку целиот би се напојувал на обновлива енергија. Доколку мислевте дека блокчеин технологијата ќе влијае само на финансискиот свет, размислете повторно.

Од технологија која го предвидува срцевиот удар со 92% прецизност до решавање на проблемот со енергија до 2050 година, ова се педесетте стартапи или претприемачи кои ветуваат подобра иднина за Европа и светот.

- Advertisement -

Истите претприемачи ќе бидат претставени на 28 ноември годинава пред Европскиот парламент во склоп на European Innovation Summit, каде што ќе ги презентираат своите напредни технолошки компании.

Еве ги вторите 17 претприемачи.

- Advertisement -

18. GETUNIVERSE од Финска

Овој стартап создаде платформа наменета за компанија преку која вработените ќе можат меѓусебно да комуницираат со одлична конекција, без при тоа да зависат од Интернет провајдерот. Ваквата платформа е иднината на дигиталните работни места, а веќе се користи од Rovio – компанијата која стои зад познатата игра Angry Birds.

19. GLEECHI од Шведска

Софтверското решение на овој стартап овозможува директна интеракција помеѓу луѓето, компјутерите и роботите. Нивната технологија е базирана на осумгодишно истражување во полето на роботиката и е првиот софтвер кој овозможува слободна и реалистична интеракција со виртуелна реалност. Нивните производи моментално се користат за видео игри, тренирање и рехабилитација со помош на виртуелна реалност.

- Advertisement -

20. HAPPITECH од Холандија

Знаевте ли дека можете да го детектирате ритамот на срцето користејќи ја камерата на паметниот телефон? Најчестиот вид на аритмија годишно хоспитализира 750 000 луѓе и предизвикува 130 000 смртни случаи, а овој стартап разви апликација која може да ја детектира оваа појава со камерата на телефонот. Преку приближување на прстот до камерата, алгоритмите ги детектираат дури и најмалите варијации на чукањето на срцето.

21. HEALTHAPP од Шпанија

3 милиони луѓе во Европа се соочуваат со нарушувања во исхраната, а лечењето на истите може да изнесува од 500 до 2 000 евра годишно. HealthApp е стартап кој се фокусира на развивање паметни мобилни алатки за подобрување на комуникацијата помеѓу пациентите и терапевтите кои им помагаат со вакви нарушувања. Станува збор за првата апликација во Европа која ќе создаде платформа за комуникација меѓу пациентот и докторот. Моментално 600 пациенти ја користат апликацијата. Креаторката Џордана беше прогласена за една од иноваторите на MIT универзитетот под 35 години.

22. HYPELABS од Португалија

HypeLabs е платформа која овозможува уредите да комуницираат меѓусебно дури и кога не користат Интернет. Моментално платформата ја користат повеќе од 300 компании и им овозможува различни услуги од праќање поради до закажување на превоз и споделување на документи.

23. IN OVO од Холандија

Секога година во светот се убиваат 3,2 милијарда машки пилиња веднаш откако ќе се изведат бидејќи се бескорисни во индустријата за производство на јајца? In Ovo создаде машина за одредување на полот која ги забележува разликите во полот до деветтиот ден откако ќе биде снесено јајцето со 95% прецизност. Бидејќи индустријата за производство на јајца во Германија, Франција, САД, Австралија, Белгија и Холандија се стреми кон тоа веќе да не ги убива машките пилиња, технологијата на овој стартап има голем потенцијал. Стартапот понатаму го рефинира отпадот од јајца во протеини и развива виртуелен асистент за оние кои работат во индустријата грижејќи се за животните, а истовремено го максимизира профитот на фармерите.

24. INCLUDE на Иван Мрвош од Хрватска кој има 22 години

Include е хрватска хардвер компанија која за помалку од три години стана еден од топ произведувачите на паметен мебел во Европа. Нивната паметна клупа овозможува безжично полнење за уреди, Wi-Fi, улично осветлување, а се напојува на соларна енергија. Моментално постојат 450 вакви клупи во 125 града низ светот.

25. INKONOVA од Шведска

Inkonova го создаде првото специјализирано решение кое користи дрон и е наменето за подземните рудници. Дронот се движи во најдлабоките места од рудникот каде скенира и мапира, за подоцна овие податоците да можат да се искористат од рударите. Веќе се користи во Шведска, Велика Британија, Канада, Перу, Чиле и Мали.

26. MAGNITUDE SPACE од Холандија
Знаевте ли дека низ светот до 2020 година ќе има преку 30 милијарда поврзани уреди, секој од нив емитувајќи информации? Овој број се зголемува вртоглаво, а овој стартап работи на платформа преку која како корисник ќе можете да влечете информации од овие уреди. Internet of Things навистина има потенцијал да го трансформира животот на планетата. Оваа платформа ќе биде мрежа која ќе им биде понудена за користење на организациите.

27. MEDIKURA од Германија
Само 0,5% од нус ефектите од лековите се пријавуваат низ светот, а овие податоци се навистина потребни за да лекување, сигурност на лековите и откривање на нови лекови. Оваа компанија нуди IT аналитичка платформа со примарна цел – подобрување на сигурноста на медицинските лекови. Платформата ги поврзува пациентите, докторите и фармацевтските компании во реално време.

28. MEMGRAPH на Доминик Томишевиќ од Хрватска
Се проценува дека секој ден се создаваат околу 2,5 ексабајти податоци или 2,5 милијарда гигабајти. И овој стартап работи на платформа односно датабаза за менаџирање на интерповрзани податоци во реално време. Платформата опфаќа напредни алгоритми и податочни структури, предности кои веќе се препознати од неколку стартапи и компании кои сакаат да ја користат датабазата за препознавање на лажни податоци и подобрување на сајбер сигурноста.

29. MR.CHADD од Холандија
Mr. Chadd им нуди на тинејџерите во Холандија да си најдат туторство за домашната работа за само 10 секунди. Платформата беше лансирана пред два месеца, а веќе ја користат 100 000 ученици заинтересирани за персонализирано образование. Тие плаќаат месечна членарина и можат да го користат сервисот за допишување, праќање на фотографии и аудио забелешки од домашната овозможувајќи им директна помош. Околу 100 тутори работат со Mr. Chadd како фриленсери од било која локација во светот.

30. NOVAGRAY од Франција
Повеќе од 50% од пациентите со рак користат радиотерапија како дел од нивното лекување, а 5-10% од нив развиваат несакани ефекти. Моментално не постои алатка за да се идентификуваат пациентите кои се на ризик од несакани појави, а NovaGray работи на првите тестови кои можат да ја проценат чувствителноста на пациентот на радиотерапијата и даваат резултати за една недела. До сега тестирањето го поминале 500 пациенти.

31. OURPATH од Велика Британија
OurPath е дигитална програма за промена на навиките за живеење со фокус на оние кои предизвикуваат болести. Програмата е единствена во Велика Британија и веќе се користи од Националниот здравствен сервис. Една од најчестите болести предизвикана од животните навики е дијабет тип два, кој годишно ја чини Велика Британија 9 милијарди фунти.

32. PHOTONEO од Словачка
Стартапот разви уникатен, патентиран метод за развивање на 3Д камери со висока резолуција. Со помош на ваквата камера, тие создадоа револуционерна 3Д технологија со која секоја компанија ќе може да ја користи за производство или составување на продукти користејќи автоматизирани производствени линии или роботи. Откако го претстави прототипот, стартапот доби инвестиција од 2,1 милиони евра од Credo Ventures со седиште во Прага.

33. PLANRADAR од Австрија
PlanRadar нуди решение во облак за документирање на конструкциски и градежни работи и менаџирање со дефекти за градежни проекти и проекти за недвижнини. Денес се случуваат во просек од 1 до 2 дефекта за секои 10 метри квадратни во градежните проекти. На оваа платформа денес се приклучени 1 200 корисници од 23 држави и добива околу 150 нови барања неделно од компании кои сакаат да соработуваат со нив.

34. PROPERGATE, Полска
Во наредните четири години, 397 облакодери е бидат во конструкциска фаза ширум Европа и илјадници возила од тешка машинерија ќе ги зафатат градските улици за таа намена. ProperGate е дизајниран да понуди координирање и логистика за градежните места преку автоматизирање на доставата на материјали, синхронизирање на опрема и растоварувања, мониторирање на сообраќајот, комуникација со возачите, операторите и градежниците, како и навремена достава на материјали. При тоа, нивното решение го намалува сообраќајниот метеж и го намалува испуштањето на јаглерод диоксид.

Сподели!
- Advertisement -