Аквизиција вредна милијарди – медиумската куќа Meredith го купува Time Inc

- Advertisement -

Американската медиумска куќа Meredith Corp објави дека ќе го купи Time Inc, издавачакот на познатите магазини People, Sports Illustrated и Fortune. Зделката ќе вреди вкупно 1,84 милијарди долари, а ќе ја поддржат конзервативните браќа милијардери Чарлс и Дејвид Кох. Оваа аквизиција е навистина успех за Meredith, која претходно годинава и во 2013 година имаше неуспешни преговори со Time.

Вестите, бизнис и спортските брендови ќе отидат во Ајова кај издавачот Des Moines, кој ги поседува магазините Better Homes & Gardens и Family Circle. Аналитичарите велат дека со ваквите аквизиции на издавачки компании Meredith ќе постигне доволна скалабилност за да може својата телевизиска гранка да ја издвои како посебна компанија.

- Advertisement -

Според Reuters, заедно брендовите на Meredith и на Time ќе имаат читателска публика од 135 милиони луѓе и претплата од речиси 60 милиони луѓе. Зделката ќе го зголеми и досегот на Meredith до миленијалците и ќе се креира еден бизнис за дигитални медиуми со 170 милиони посетители месечно во САД и повеќе од 10 милијарди прегледи на видеа годишно.

браќата Кох се едни од најбогатите луѓе во светот, а богатството го стекнаа преку компанијата Koch Industries, која работи во повеќе индустрии како рафинирање нафта, дистрибуција на нафта, хемикалии, енергија, минерали, хартија, тргување, финансии итн. Koch Equity Development, приватната гранка на браќата Кох, се согласи на Meredith да и даде 650 милиони долари во преференцијални акции за аквизицијата на Time. Кох нема да имаат претставник во одборот на Meredith, ниту ќе влијаат на уредничките и менаџерските операции.

- Advertisement -

Тоа што браќата Кох учествуваат во зделката е потврда дека веруваат во бизнисот на Meredith, во стратегијата, способноста да оствари значителна вредност од аквизицијата. Од Meredith, пак, велат дека очекуваат зделката да се склучи во првите три месеци од 2018 година.

Сподели!
- Advertisement -