Мишел Обама објасни во само една реченица како се станува успешен

- Advertisement -

Поранешната Прва дама на САД е позната по нејзините мотивациски говори и инспиративни коментари. Овојпат таа се надмина самата себе

Овие денови, Мишел Обава се појави како еден од говорниците во Бушнел центарот за изведувачки уметности во Хартфорд, Конектикат. Во текот на својот говор, таа успеа во само една кратка реченица да долови која е формулата на успехот:

„Фокусирајте се на она што можете да го контролирате.“

- Advertisement -

Зошто е толку важна оваа реченица? Бидејќи кога ќе го насочите вашето внимание кон нештата кои не можете да ги контролирате, ја трошите вашата енергија. Но кога ќе се фокусирате на она што можете да го контролирате, се приближувате поблизу до вашите цели.

Најчестиот случај кога луѓето во бизнисот се фокусираат на она што не можат да го контролираат, е моментот кога се обидувате да ги потчините останатите на вашата волја. Менаџерот кој постојано само им наредува на своите подредени, никогаш не стигнува далеку, туку лидерите кои инспирираат се оние кои го менуваат светот.

- Advertisement -

Кога градете бизнис, можете да контролирате како го користите вашето време и ресурси, но не можете да ги контролирате вашите клиенти. Не можете да ги принудите да купат нешто што не сакаат, а ако се обидете да го направите тоа, тогаш ќе немате клиенти. Она што можете да го направите е да понудите производ или услуга.

Истото се однесува и на вашето здравје. Можете да го контролирате она што го внесувате како храна во телото и колку вежбате, дури и лекарствата кои ги користите, но никогаш не можете да знаете кога би можеле да доживеете срцев удар или нешто полошо.

- Advertisement -

Променете си ја перцепцијата и почнете да ги препознавате нештата кои се вредни за вашето внимание.

 

Сподели!
- Advertisement -