Со максимална брзина од 350 км/час новите Fuxing возови во Кина станаа најбрзите bullet возови во светот. Со нив патувањето од Шангај и Пекинг, кои се оддалечени 1.318 километри, ќе трае еден час помалку. Новите возови ја враќаат Кина на мапата со брзи функционални возови по фаталните судири во 2011 година.
Како што пишува Светски економски форум, иако оваа брзина не е импрeсивна, Јапонија се уште го држи светскиот рекорд за максимална брзина, барем во тест фаза. Со максимална брзина од 603 километри на час за време на тестирање, јапонскиот воз SCMaglev ги засенува сите останати. Сепак, стандардната максимална оперативна брзина е помала од тие 350 км/час на Fuxing возовите.
Францускиот TGV исто така има капацитет да достигне големи брзини – 575 км/ч, но во нормално функционирање не може да постигне од 320 км/ч. Индија, пак, најави планови да се приклучи во трката со bullet возови. Таа работи на брз воз кој ќе сообраќа меѓу Гуџарат и Мумбаи, а се очекува да биде готов до 2022 година. Со брзина до 320 км/ч тој ќе го скрати патувањето меѓу двата града од 8 на само 3 часа. Проектот вреди 19 милиајрди долари и делумно се финансира со јапонски заем.
Според China Railway, околу 600 милиони патници годишно патуваат на линијата Пекинг-Шангај и таа е една од најпрофитабилните во Кина со горишен профит од околу 1 милијарда долари. Кина досега има потрошено околу 360 милијарди долари на пруги за брзи возови, а има мрежа од околу 22.000 километри Тоа е најдолгата мрежа од пруги за брзи возови во светот и е околу 60% од останатите мрежи во светот.