Пуштена во работа најголемата батерија во светот

- Advertisement -

Најголеата литиум-јонска батерија во светот, која ја направи компанијата Tesla, почна да произведува струја во Јужна Австралија. Системот Powerpack е приклучен на електрана на ветар во близина на Џејмстаун, на три часа возење од Аделаида, главниот град на Јужна Австралија. Аделаида се соочува со сериозни енергетски предизвици. Струјата почна да се произведува еден ден порано од планираното поради исклучително топлото време, пишува Klix.ba.

Директорот на компанијата Tesla, Илон Маск, најави дека батеријата ќе ја изгради за само 100 дена и го исполни ветувањето. Да не успееше да го направи тоа, вети дека ќе ја даде батеријата како подарок. „Создаваме историја. Батеријата ќе спречи повторување на инцидентот од минатата година гога цела држава остана без струја“ изјави премиерот на Јужна Австралија, Џеј Ведерхил.

- Advertisement -

Маск истакна дека батеријата е трипати посилна од втората најголема батерија во светот. Кога е наполнета, батеријата може со електрична енергија да снабди 30.000 домови во текот на еден час, но нејзината намена е да ги поддржува и да ги стабилизира постојните залихи на електрична енергија.  Батеријата се состои од мрежен систем кој работи на истиот принцип како автомобилите на Teslа.

Сподели!
- Advertisement -