Ова се десетте европски градови со најбрзорастечки компании

- Advertisement -

Магазинот Inc. секоја година традиционално подготвува листа на најбрзорастечки приватни компании во Европа според нивниот тригодишен раст на профитот. Ова се градовите кои ги освојуваат најуспешните стартапи во Европа

10. Будимпешта, Унгарија

Овој главен град е дом на 63 компании од листатата Inc. 5000 Europe. Една од тие компании е XBody Hungary, производител на електрична опрема која бележи 2462% раст на приход од 2012 година, за во 2015 година да оствари приход од 6,7 милиони евра.

- Advertisement -

9. Софија, Бугарија

- Advertisement -

Во Софија пак е седиштето на 65 компании од Inc. 5000 Europe листата. Прва од овие е компанијата малопродажниот ланец Tabak Market, со тригодишен раст од 2223% во периодот од 2012 до 2015 година, за да достигне приход од 100 милиони евра.

- Advertisement -

8. Милано, Италија

Италијанскиот моден главен град исто така е седиштето и на The Level Group, фирма за бизнис услуги со клиенти како Dolce & Gabbana и Intimissimi. Градот има вкупно 68 брзорастечки компании, а оваа компанија во 2015 година оствари приход од 36 милиони евра.

7. Рига, Летонија

Стратешката положба на Рига им е од корист на Летонците отсекогаш. Иако многу работи се промениле, овој главен град остана клучен бизниз центар во регионот. Градот е седиште на 71 од најбрзорастечките компании на Inc. 5000 Europe.

6. Хелсинки, Финска

Познат како индустриски центар и развиено пристаниште, главниот град на Финска може да се пофали дека е седиште на 83 брзорастечки компании. Најразвиената од тие е Odeal, компанија која нуди сервиси за човечки ресурси, која остварила приход од 16,7 милиони евра.

5. Париз, Франција

Франција пред одредено време претстави нови олеснувачки регулативи за глобалните технолошки гиганти, но главниот град се истакнува по новостекнатата репутација на стартап центар. Париз е дом на 91 брзорастечка компанија, а првото место од нив ѝ припаѓа на Immo SR 1, фирма за недвижнини.

4. Букурешт, Романија

Економскиот и културниот центар на Романија е дом на 95 најбрзорастечки компании од Европа. Компанијата која овозможува природни ресурси, Trend Energy, успеа да оствари приход од 84,6 милиони евра.

3. Братислава, Словачка

Во Братислава се наоѓаат 107 од најбрзорастечките компании во Европа, а најуспешната од нив е Ekofin Slovakia, компанија за менаџирање на отпад. Компанијата бележи огромен раст од 2012 година па наваму, со остварен приход од 13,7 милиони евра.

2. Стокхолм, Шведска

Шведскиот главен град е можеби како втор на оваа листа со вкупно 134 најбрзорастечки компании, но при тоа е дом на број 1 најбрзорастечката компанија во Европа. Станува збор за произведувачот на часовници и накит, Daniel Wellington, која оствари приход од 155,8 милиони евра во 2015 година.

1. Лондон, Англија

Години по ред, Лондон го зазема првото место на листата на најбрзорастечки компании, со тоа што во 2017 година, во англискиот главен град работат 174 брзорастечки компании. Компанијата Balyasny Europe Asset Management која нуди финансиски услуги, оствари годишен приход од 39,4 милиони евра.

 

Сподели!
- Advertisement -