Во ЕУ се “кршат копјата“ заради дигиталниот данок

- Advertisement -
Планот на Европската Унија за оданочување на прометот на големите интернет компании, како Гугл и Фејсбук, е на работ на колапс поради земји кои го отфрлија и најавија национални иницијативи, наместо него, пренесува Ројтерс

Според предлогот на Европската комисија од март оваа година, земјите на ЕУ ќе наплаќаат данок од три проценти на дигиталните приходи на големите компании, кои се обвинуваат за избегнување данок преку канализирање на профитот во земјите на ЕУ со ниски даночни стапки.

- Advertisement -

Планот има за цел да се променат даночните правила, кои им овозможуваат на некои од најголемите светски компании да плаќаат невообичаено ниска стапка на данок на добивка.

Меѓутоа, за тоа е потребна поддршка од сите 28 земји членки на ЕУ, е еден дел од нив се противат на предлогот, вклучувајќи ги и малите земји со ниски даноци, како што е Ирска, кои имаа корист од тоа што им овозможија на мултинационалните компании да го пријавуваат кај нив профитот остварен на други места преку дигиталната продажба.

- Advertisement -

Додека порано најжестоките критики се случува зад затворени врати, денес ставовите на многу министри за финансии на ЕУ излегоа во јавноста, со оглед на тоа што нивниот состанок во Брисел се емитуваше во живо преку интернет.

Германија, која првично го поддржа планот, за прв пат се заложи за негово ревидирање, барајќи од опсегот на активности кои подлежат на оданочување да се исклучат активностите кои можат да бидат поврзани со производителите на автомобили.

- Advertisement -

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц, исто така, рече дека данокот не треба да се воведе до 2020 година и дека треба да се применува само доколку не се постигне никаков глобален договор за истото прашање.

Министерот за финансии на Франција Бруно Ле Мер, кој одамна е голем поддржувач на овај данок, го прифати одложувањето на неговото спроведување до крајот на 2020 година, што е голема отстапка, наведува Ројтерс.

Сепак, тој смета дека ЕУ и понатаму треба да постигне договор за ова прашање до крајот на оваа година, со цел да се избегне земјите да започнat со спроведувањето сопствените национални даноци, што би било потег кој, како што вели, ќе му нанесе штета на единствениот пазар на Унијата.

Шпанија и Велика Британија најавија сопствени национални планови за оданочување на дигиталните компании и повторија дека имаат намера да одат со нивното спроведување, без да се чека договор на ниво на ЕУ.

Италијанскиот министер за финансии Џовани Триа изјави дека и Италија ќе продолжи сама, доколку до крајот на годината не се постигне договор во ЕУ.

Австрија, која моментно претседава со ЕУ, најави дека ќе направи последен обид да се дојде до договор на состанокот на министрите за финансии во декември, но дека поделбите кои сега се појавија се толку длабоки што шансите за договор се значително намалени.

“Многу е тешко да се постигне договор за дигиталниот данок, затоа што има толку многу технички проблеми кои не се решени”, изјави данскиот министер за финансии Кристијан Јенсен.

Тој додаде дека предложениот данок на ЕУ е направен со цел да ги погоди главно компаниите од САД, што би ги предизвикале САД да се одмазди.

Ирскиот министер за финансии Паскал Донохо, кој долго време се спротивставува на овај данок, плашејќи се дека би можел да ги намали приходите на Ирска, изјави дека овој нов данок ќе биде негативен преседан за Европа, бидејќи со тоа ќе се наметне во земјите во кои се наоѓаат корисниците, наместо таму каде што услугата се произведува.

“Ние сме нето извозници. Каква реакција би имале доколку овај модел ни се наметне нас?”, вели тој.

 

Сподели!
- Advertisement -