Во најнова анкета, 81% од испитаниците одговориле дека би работеле понапорно за шеф кој е поблагодарен за нивната работа!
Како лидер, имате многу важни одговорности, но една од најважните е многу едноставна. За жал, токму онаа наједноставната е и онаа која најчесто се заборава: да се искаже благодарност кон вработениот кога добро ја завршил работата. Ако го прескокнете овој битен чекор, ризикувате да ги изгубите највредните луѓе во тимот.
Кога зборуваме за искажување благодарност, тоа не значи истата да се покаже преку покачување на платата или давање бонус. Се работи за вербално обраќање кон вработениот на редовна база со цел да му покажете како шеф дека го цените и дека сте задоволни од неговата работа.
Многу од вработените, во ситуација кога им се нуди продолжување на договорот за работа, една од причините поради која воопшто размислуваат да не потпишат продолжување е токму таа причина: однесувањето на шефот кој не покажал дека е благодарен за трудот на своите подредени.
Работењето за шеф кој не го вреднува вработениот не само што го намалува расположението и еланот со кои вработениот доаѓа на работа, туку и му ја намалува продуктивноста.
Доколку вие се наоѓате на лидерска позиција, а тимот со кој раководите се состои од паметни и вредни луѓе, тогаш може да бидете сигурни дека е само прашање на време кога и некоја друга компанија ќе им понуди добро работно место, па доколку не сакате да преминат таму, поработете на искажувањето благодарност.
Ако веќе не им се заблагодарувате на вработените, запрашајте се зошто не го правете тоа? Крајот на годината со празничната атмосфера носи и атмосфера на поврзаност кога им покажуваме на луѓето околу нас зошто ни значат. Ако досега не сте им се заблагодариле на своите вработени, не постои посовршено време од сегашното.