Вип со супер атрактивна новогодишна промоција

- Advertisement -

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство најавува нова атрактивна промоција преку која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2018 година со многу повеќе комуникација, подароци и изненадувања.
Со новогодишната промоција сите корисници кои ќе ја изберат постпејд тарифата Vip Mobile L добиваат зголемен 4G интернет од 10GB засекогаш, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи, како и можност да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена. Имено, сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат ексклузивно Samsung Galaxy Ј3 2017 и тоа со месечна рата од 239 денари или Motorola Moto C 4G за само 1 денар и уште многу други смартфони.

Вип има изненадување и за корисниците на Vip Комбо со кое корисниците покрај можноста да ги комбинираат своите услуги и да заштедат, добиваат и празничен подарок и тоа полнач за телефон, слушалки или wi–fi рутер. Сите Vip Combo корисници кои ќе склучат нов договор на 24 месеци добиваат можност да набават SMART телевизори по намалена цена, почнувајќи од 499 денари месечно.

- Advertisement -

„Празничната сезона е време за дарување и уживање во неограничена комуникација со најблиските и затоа нашата намера е да ги разубавиме празниците за нашите корисници овозможувајќи им уште повеќе комуникација, можност да добијат атрактивни смартфони по најповолни услови и секако да добијат многу подароци. Новогодишната промоција на Вип е вистинска можност за сите да се израдуваат себеси или да им подарат нешто незаборавно на своите најблиски, а ние како компанија уште еднаш да ја потврдиме посветеноста да обезбедиме комуникација по најповолни услови“ изјави Мислав Галер, извршен директор во Вип.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.

Сподели!
- Advertisement -