Близнаците Камерон и Тајлер Винклвос, кои го тужеа Марк Цукерберг за сопствеништвото на Facebook, станаа милијардери со помош на биткоин. Браќата имаат диплома од Харвард, а во 2004 година го обвинија Цукерберг дека им ја украл идејата за Facebook. Иако нивниот обид за преземање на контролата врз сопствеништвото на компанијата не успеа, од спогодбата со Цукерберг добија 65 милиони долари во 2008 година, известува N1.
Од таа сума во 2013 година издвоија 11 милиони долари и ги вложија во биткоин, чија вредноста тогаш изнесуваше само 120 долари. Се проценува дека денес имаат нешто повеќе од милијарда долари во биткоин. Иако биткоин од многу инвеститори направи милионери, браќата Винклвос се првите милијардери. Минатата година тие ја стартуваа и дигиталната менувачница за валути Gemini, каде што инвеститорите можат да купуваат и да продаваат биткоин.