Авиопревозникот Emirates претстави екстралуксузни авиони со приватни апартмани и виртуелни прозорци

- Advertisement -

Авиопревозникот со седиште во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, претстави нов луксузен начин да се лета. Emirates направи нови кабини за својата флота од „боинг 777“ авиони кои се навистина досега непостоечка класа.

Приватните апартмани од првата класа се целосно затворени и имаат површина од околу 3 квадратни метри со лизгачки врати, седишта во кои нема да почувствуваат промена во гравитацијата, виртуелни HD прозорци, маса за јадењеи уште многу други луксузи.

- Advertisement -

Внатрешноста на авионтие е дизајнирана во соработка со Mercedes-Benz. Во апартманите е вградено и амбиентално светло, кожени гарнитури, високотехнолошки панели за управување со уредите. Луѓето што ќе патуваат во тие апартмани добиваат и превоз до и од аеродром во автомобили од С-класата на Mercedes.

На LCD телевизорот во апартманите може да се гледаат други 2.500 канали со слушалки кои ги блокираат надворешните звуци. Има дури и гардеробер, а доколку патниците имаат потреба од нешто имаат посебен шанк и опција за видеоповици до екипажот на авионот.

Сподели!
- Advertisement -