Холанѓанецот Дан Роозехарде дизајнирaше велосипеди кои го „јадат“ смогот

- Advertisement -

Доволно е опасно да се движите и да дишете воздух полн со смог, а возењето велосипед во град со загаден воздух е исто како да сте застанале зад некој автомобил и дишете директно од ауспухот. Сепак, во иднина возењето велосипед ќе изгледа сосема поинаку доколку се покаже успешен изумот на холандскиот уметник и дизајнер Дан Роозехарде, пишува CityLab.

Во своето студио во Ротердам, Роозехарде го претстави концептот за велосипед кој го „јаде“ смогот. Идејата е да се мобилизира цела флота високотехнолошки велосипеди, веројатно преку апликации за споделување велосипеди, за да се исчистат урбаните центри во градовите. Теоретски, овие велосипеди ќе имаат уред прикачен на рачките кој ќе го вовлекува нечистиот воздух, а после филтри за позитивна јонизација од другата страна ќе излегува чист воздух. Доколку ваквата програма биде прифатена на глобално ниво, овие велосипеди ќе имаат неверојатен ефект врз квалитетот на воздухот.

- Advertisement -

Ова звучи неверојатно, но Роозехарде веќе се покажа узпешен со своите иновации за чистење на воздухот. Неговата Smog Free Tower, кула висока 7 метри, која лани ја постави во Пекинг, кога е мирно времето чисти до 45% од PM10 честичките и 25% од PM2.5 честичките на површина од 9 метри околу кулата. Според Светската здравствена организација, Кина има најголемо загадување на воздухот.

Сподели!
- Advertisement -