Повеќе од 70 средношколци од 9 училишта, годинава, учествуваа на 4-тиот интернационален настан „Hour of Code“ (Воведен час во кодирање), кој се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Овој меѓународен настан има цел да ги воведе младите во светот на програмирањето и информатичките науки.
Средношколците во просториите на ФЕИТ имаа едначасовна можност да се запознаат со концептите и практично да реализираат проект – игра. Настанот го организира Студентскиот парламент на ФЕИТ во соработка со демонстратори од институтот Компјутерски технологии и инженрство на Факултетот и со поддршка од компанијата Netcetera.
“На Hour of Codучествуваа голем број ентузијасти, луѓе што го сакаат програмирањето и што имаат желба да го продолжат своето образование во оваа област. Овој час овозможи да креираат нешто интересно употребувајќи ги своите вештини и креативност, а притоа да се забавуваат и научат нешто повеќе во светот на програмирањето”, вели Теа Вељковиќ, еден од организаторите и демонстратор на настанот.
“Hour of Code” за првпат се организираше во Македонија по иницијатива на Студентскиот парламент на ФЕИТ во 2014-та година и прераснува во традиционален настан кој ги воведува младите луѓе со светот на програмирањето.