Берлин инвестира 1 милион евра во ноќните клубови во градот

- Advertisement -

Во обид да ја заштити градската ноќна економија, градските власти на Берлин обезбедија 1 милион евра за да им помогнат на ноќните клубови да се опремат со специјализирана звучна заштита. Оваа одлука е поради растот на популацијата на градот поради што се градат сѐ повеќе резиденцијални згради на чии жители би им пречела музиката од ноќните клубови.

Од 2011 година па наваму, скоро 170 ноќни клубови во Берлин се затвориле. Кога граѓаните кои живеат покрај ваквите локали ќе се пожалат на гласната музика, тие скоро секогаш победуваат во обидот да издејствуваат затворање на клубот.

- Advertisement -

Од градските власти велат дека со ова не само што ќе се обезбеди коегзистенција во градот, туку придобивки ќе има и градската економија.

Според Tagesspiegel, властите ќе финансираат и реновирање на клубовите. Овие реновации вклучуваат инсталации кои апсорбираат звук во клубовите и звучни бариери надвор од клубовите, а ќе овозможат и прозорци со звучна изолација за жителите околу клубовите. Уште не е дефинирано како точно ќе се дистрибуираат овие средства.

Сподели!
- Advertisement -