Кина гради нов град кој е три пати поголем од Њуjорк како решение за големата популација

- Advertisement -

Кина започна да го планира развојот на нов регион наречен Сионган во северната провинција Хебеи кој како што пишува Business Insider, ќе биде три пати поголем од Њујорк.

Овој проект беше најавен минатата сабота и истиот е замислен да го поттикне економскиот раст и да преземе некои од функциите на Пекинг како главен град. Исто така, градот се очекува да служи како дополнителен економски „мотор“ и да го унапреди координираниот развој на регионот Пекинг – Тианџин – Хебеи.

- Advertisement -

Сионган ќе понуди нов начин на развој на премногу населените области, а ќе помогне да се намали сообраќајниот метеж и воздушното загадување.

The Guardian јавува дека купувачите на домови во новиот град веќе редовно го посетуваат градот со цел да купат имот кој подоцна ќе можат да го продадат по повисока цена. Цените на имотите во Сионган веќе се зголемија двојно откако официјално беше најавен проектот во саботата.

Сподели!
- Advertisement -