Стопанската Комора на Македонија основаше Клуб на извозници

- Advertisement -

Клубот ќе функционира како посебна форма на организирање и работење при Комората, чиишто приоритети ќе бидат насочени на помагање на членовите во надворешно-трговското работење. Целта ќе биде развивање на трговските контакти и насочување на извозно-увозните можности за повисоки облици на соработка и надминување на проблемите, кои во моментот се пречка за зголемувањето на извозот на домашните компании.

Нецаринските бариери, различните прописи, неусогласените законодавни системи, недоволното знаење за критериумите на извозните пазари, продажни канали, логистика и услови за испорачување, недостатокот од маркетиншки и продажни вештини, се само дел од предизвиците со кои компаниите-членки на Стопанската комора се соочуваат кога извезуваат во соседните пазари.

- Advertisement -

На конститутивната седница се усвои Програмата за работа, која ќе биде насочена на развивање и унапредување на соработката со надлежните институции во земјата и во странство, продлабочување на меѓународните активности преку промоција на извозно ориентираните компании, како и едукативни настани, преку кои ќе се споделуваат искуства и знаења од домашни и странски експерти за зголемување на конкурентноста на македонските компании на странските пазари.

- Advertisement -

Истовремено, сите други форми на организирање и на работење, што во моментот функционираат во рамките на Комората, чијшто предмет на работење опфаќа активности за унапредување на соработката со одредени земји/подрачја, ќе се присоединат кон Клубот на извозници.

За претседател на Клубот, со мандат од две години, е избран Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес”, а Горан Антевски од компанијата „Раде Кончар – ТЕП” е избран за потпретседател.

Сподели!
- Advertisement -