Четири начини како да се подготвите вечерва за утрешниот ден да ви биде продуктивен

- Advertisement -

Мала подготовка од претходната вечер ќе ви помогне успешно

да го започнете утрешниот ден

Добро познато е дека начинот на кој ќе го започнете утрото, влијае врз текот на целиот ден. Продуктивно утро води кон продуктивен ден. Еве четири чекори кои можете да ги направите уште вечерва за да ви започне утрешниот ден како што посакувате.

1. Испланирајте си ја облеката, појадокот и подгответе си ја торбата

- Advertisement -

Моќта на волјата работи магично. Избирањето на облека на крајот од денот ви создава чувство на подготвеност за утрешниот ден. Кога пак подготвувате здрав појадок уште за време на претходната вечер, вашиот утрешен ден ќе започне со хранлив појадок. Многу здравствени бенефити доаѓаат од конзумирање на хранлив појадок и истиот ви ја дава енергијата која ви е потребна за да бидете продуктивни.

На крај, осигурајте се дека клучевите, паричникот, шишето вода и останати работи кои ви се потребни за работниот ден се ставени на место од кое што ќе можете лесно да ги земете пред да излезе од дома. Со други зборови, создадете ред во хаосот што е излегувањето наутро од дома за кон работа.

- Advertisement -

2. Оценете си го денот

Преминувањето од еден во друг работен ден треба да биде периодот кога ќе размислувате за денот што поминал и да ги научите лекциите од предизвиците со кои сте се соочиле тој ден. Ова можете да го правите со одговарање на овие прашања:

- Advertisement -
  • Дали ги завршив сите задачи што ги имав во агенда? Зошто/зошто не?
  • Што помина во ред денес?
  • Што направив правилно и како почесто да работам вака?
  • Што направив погрешно и што треба да променам?
  • Каква ми беше интеракцијата со колегите?
  • Како утрешниот ден да си го направам подобар?

3. Вежбајте благодарност

Истражувањата покажале дека вежбањето благодарност пред да отидете в кревет води кон порелаксиран сон. Искажувањето на благодарност ви го подобрува расположението и го намалува стресот. Дури и едноставното креирање на листа со нешта за кои сте благодарни е доволно за да ги почувствувате овие бенефити.

4. Испланирајте го утрешниот ден

Откако размислувавте малку за денешниот ден и си ја подготвивте облеката и појадокот на утре, време е да си го испланирате остатокот од утрешниот ден. Проверете ги закажаните состаноци, листата со задачи и идентификувајте ги најтешките обврски. Оставете си еден дел од денот наменет исклучиво за најтешката задача. Доколку можете, испланирајте го секој час од работниот ден.

Со тоа што ќе одвоите неколку минути секоја вечер пред спиење за овие едноставни подготовки, ќе си го направите утрешниот ден повеќе продуктивен и помалку стресен.

Сподели!
- Advertisement -