Apple го купува Shazam?

- Advertisement -

Некои медиуми за технологија, како што е TechCrunch, објавија дека Apple е при крај со преговорите за купување на Shazam, апликацијата која ви овозможува да идентификувате песни, филмови и ТВ серии со преслуѓување на аудиоклип. Зделката, наводно, ќе чини 400 милиони долари

За Apple најбитна е технологијата за препознавање на музика и звук на Shazam. Исто така, ќе заштеди пари кои ги троши за пренасочување на корисниците на iTunes Store за да купат содржини. Тие пари, всушност, се најголем дел од профитот на Shazam за 2016 година. Друг бенефит за Apple е доколку одлучи да ја „убие“ апликацијата, ќе им наштети на конкурентите како Spotify и Google Play Music, каде што Shazam испраќа повеќе од 1 милион кликови дневно. Shazam има договор и со Snapchat, но уште не е познато како ќе влијае аквзицијата на тие договори.

Сепак, вистинскиот бенефит за Apple може да биде технологијата за засилена реалност на Shazam. Пред извесен период Shazam лансираше платформа за засилена реалност за брендови, а врз база на технологијата за визуелно препознавање која ја лансираше во 2015 година. Технологијата им овозможува на корисниците да скенираат списанија, книги, постери, реклами и други физички производи и потоа да направат 3Д анимации, видеа од 360 степени итн.

- Advertisement -

Со повеќе од 1 милијарда симнувања Shazam е популарна апликација во сите 19 години постоење, но компанијата во 2016 година имаше приходи од само 54 милиони долари во 2016 година, додека сега под закрила на Apple нема да биде проблем да се прави профит.

Сподели!
- Advertisement -