Париз доби уникатна подземна фарма за печурки и зеленчук

- Advertisement -

La Caverne е уникатна фарма за одгледување печурки, зачини и зеленчук под улиците на Париз. Се наоѓа во населбата Ла Шапел, а е во сопственост на Cycloponics, стартап од Париз кој се занимава со внатрешно фармерство и се фоксуира на оджлива локална храна.

„Сакаме да промовираме нов модел на урбано земјоделство кое истовремено е продуктивно и виртуозно. Исто така, сакаме да создадеме нови начини на производство, да ја вратиме важноста на професијата земјоделец, која не сите ја разбираат и ја ценат, да креираме работни места… А со тек на време сакаме на урбаните граѓани да им понудиме локални и вкусни производи“ велат од Cycloponics.

- Advertisement -

Inhabitat пишува дека La Caverne има површина од околу 3.500 квадратни метри, а се наоѓа во напуштена паркинг гаража под комплекс од 300 станови. Во фармата работи десетчлен тим, кој со помош на хидропоника го одгледува зеленчукот со цел да се добие оптимален род. Највредниот производ на фармата, печурката шитаке, се одгледува на стари цигли без почва. Фармерите во La Caverne одгледуваат и цикорија, корен кој многу често се користи во замена за кафе, а не му треба светлина за да расте. Целта на тимот е да произведат 54 тони зеленчук и печурки годишно.

Необичната локација на La Caverne е во склад со филозофијата на Cycloponics за реупотреба и чување на ресурсите. „Идејата е на исто место да се одгледуваат различни продукти кои меѓусебе имаат позитивна интеракција. На пример, јаглрдо диоксидот кој го испуштаат печурките се користи од зачините за растење, додека природните материјали се разложуваат до ѓубриво. Тие методи се инспирирани од пермакултурата“ велат од Cycloponics.

- Advertisement -

Компанијата се надева да ја прошири дистрибутивната мрежа со помош на сопствена флота електрични велосипеди и автомобили, за што во моментот бара финансии. Како што расте Cycloponics можеби ќе инспирира други земјоделци да отидат „под земја“ и таму да одгледуваат најквалитетни производи.

Сподели!
- Advertisement -