Јапонска фирма со гласна музика ќе ги брка оние кои остануваат да работат прекувремено

- Advertisement -

Уште од периодот после Втората светска војна Јапонија се соочува со работна култура која се состои од премногу работа прекувремено. За да го промени ова однесување една фирма најави дека ќе користи дронови кои летаат низ канцеларијата емитирајќи ја песната Auld Lang Syne многу гласно за да им каже на вработените дека е време да си одат дома. Песнава се користи во јапонските трговски центри да го најави затворањето.

The Verge пишува дека дроновите исто така ќе ги снимаат канцелариите додека кружат за да се идентификуваат вработените кои постојано остануваат да работат прекувремено.

- Advertisement -

„Не можете да се фокусирате на работата кога ќе знаете дека дронот со музика ќе започне да кружи во секое време“ вели Норихиро Като, директор на компанијата која ги произведе дроновите. Тие планираат да ги продаваат дроновите по цена од околу 450 долари.

Но, некои експерти велат дека ова нема да го реши проблемот. Велат дека дури и да функционира ова злоставување од роботите, вработените ќе си ја земат работата и ќе ја завршат дома. За да се намали времето кое се поминува на работа, велат, потребно е да се намали обемот на работа.

- Advertisement -

Прекувременото работење во Јапонија предизвикува илјадници случаи на смрт во годината, толку многу што постои и посебен јапонски збор за смрт од премногу работа. Еден од пет Јапонци работи во просек 49 часа или повеќе неделно. Смртта во овој случај најчесто доаѓа како резултат на инфаркт, мозочен удар, прегладнетост или самоубиство поради депресија.

Сподели!
- Advertisement -