13 најбезбедни, евтини и чисти држави во светот кои треба да ги посетите (1 дел)

- Advertisement -

Travel and Tourism Competitiveness Report на Светскиот економски форум кој се објавува на секои две години, ги оценува државите според туризмот, односно според безбедноста, цените и хигиената со оцени од 1 до 7.

Иако никој до сега не добил оцена 7, повеќе држави се приближиле до оцена 6. Првите три места ги зедоа европски дестинации, додека пак популарно туристичко место во Азија е на четврттото. Еве ги останатите.

- Advertisement -

13. Сингапур – оцена 4,85

Преку 15 милиони туристи го посетуваат градот секоја година. Властите прават напори да го зголемат бројот секоја година, со тоа што казината беа легализирани во 2015 година, а започнаа промоција на медицински туризам поради што околу 200 000 странци бараат медицинска грижа овде секоја година.

- Advertisement -

12. Австрија – оцена 4.86

- Advertisement -

Меѓународниот туризам зафаќа голем дел од австриската економија, со 9% од БДП. Главниот град, Виена, е познат како град на музиката поради неговата централна улога како европски музички центар и секоја година привлекува околу 4 милиони туристи.

11. Хонг Конг – оцена 4.86

Автономната територија во источна Азија е единаесеттата најпосетена дестинација во светот и во 2014 година оствари добивка од 30 милијарда фунти само од меѓународниот туризам.

10. Швајцарија – оцена 4.94

Туризмот е доста развиена и важна индустрија за швајцарската економија, особено во регионите околу Алпите. Голем дел од секторот на туризам во државата се фокусира на рекреативни активности како скијање и планинарење.

9. Канада – оцена 4.97

Северноамериканската држава е втората најголема држава во светот и може да се пофали со разнолики пејсажи, клима и култури. Многу посетители одат во трите најголеми градови во Канада: Торонто, Монтреал и Ванкувер.

8. Италија – оцена 4.99

Со преку 50 милиони туристи годишно, Италија е петтата најпосетена држава во светот, генерирајќи 150 милијарда долари од туризам годишно. Луѓето ја посетуваат Италија за уметноста, кујната, историјата и културата, како и за прекрасните брегови и плажи.

 

Сподели!
- Advertisement -