Франција ќе забрани употреба на мобилни телефони во основните училишта

- Advertisement -

Почнувајќи од септември 2018 година учниците помали од 15 години нема да смеат да ги користат своите мобилни телефони додека се на училиште. Министерот за образование на Франција, Жан Мишел Бланке, ја најави забраната за мобилни телефони, која ќе стапи на сила во септември идната година. Забраната ќе се однесува на сите ученици до 15-годишна возраст, кои телефоните нема да смеат да ги користат ни додека се на одмор ни додека јадат.

Како што пишува TreeHugger, министерот вели дека ова е прашање на јавното здравје. „Денес децата не си играат за време на одморите на училиште и постојано гледаат во своите телефони. Од едукативен аспект, тоа навистина е проблем“ порача министерот.

- Advertisement -

Досега има главно негативни реакции на забраната. Наставниците се загрижени до која мера ќе може да се имплементира забраната. Додека министерството на Бланке работи на деталите, министерот вели дека телефоните може да се стават во шкафчињата на почетокот на училишниот ден, исто како што прават министрите пред некој состанок. Сепак, во тој случај проблем е тоа што многу училишта немаат посебни шкафчиња за секој ученик и инвестицијата за да се направат 3 милиони шкафчиња е прилично висока.

Родителите, пак, се загрижени дека нема да можат да ги контактираат децата, па токму затоа не се ни размислува за опцијата телефоните да ги оставаат дома за да можат да се слушнат со нив барем додека одат или се враќаат од училиште.

- Advertisement -

Според едно истражување од 2015 година на Лондонската школа за економија, училиштата кои ги забраниле мобилните телефони имаат подобри резултати на тестовите за 6,4%. И не само тоа. Според Бланке, учениците кои имаат полоши резултати и тие кои доаѓаат од посиромашни семејства ќе имаат најголем бенефит од забраната.

Сподели!
- Advertisement -