13 најбезбедни, евтини и чисти држави во светот кои треба да ги посетите (2 дел)

- Advertisement -

Travel and Tourism Competitiveness Report на Светскиот економски форум кој се објавува на секои две години, ги оценува државите според туризмот, односно според безбедноста, цените и хигиената со оцени од 1 до 7.

Иако никој до сега не добил оцена 7, повеќе држави се приближиле до оцена 6. Првите три места ги зедоа европски дестинации, додека пак популарно туристичко место во Азија е на четврттото. Еве ги останатите.

- Advertisement -

7. Австралија – оцена 5,10

Посетителите од различни страни на светот одат во Австралија поради климата, количината на природни ресурси и раздвижените градови. Популарни места кои можат да се посетат се Големиот корален гребен, Осторов на кенгурите, и градовите како Мелбурн и Перт.

- Advertisement -

6. САД – оцена 5,12

- Advertisement -

САД е втората најпосетена држава во светот после Франција. Туристите доаѓаат да ги видат природните чуда како Големиот канјон и паркот Јелоустоун, како и градовите Чикаго, Њу Јорк и Сан Франциско.

5. Велика Британија – оцена 5,20

Туризмот игра голема улога во економијата на оваа држава и прави 9% од БДП и 10% од работните места. Главниот град, Лондон, е најпосетениот град во светот.

4. Јапонија – оцена 5,26

Јапонската популарност помеѓу туристите продолжува да расте, со тоа што 24.03 милиони меѓународните туристи ја посетиле држава во 2016 година. Државата може да се пофали со дваесет места кои се прогласени за светско културно наследство, како античките споменици во Кјото и замокот Химеџи.

3. Германија – оцена 5,28

Лоцирана во централно – западна Европа, Германија е седмата најпосетена држава во светот, а главниот град Берлин е третиот најпосетен град. Најпосетуваните места се замокот Хајделберг, Бундестагот во Берлин и замок Нојшвајнштајн во Баварија.

2. Франција – оцена 5,32

Западноевропската држава е позната како глобален центар за уметност, наука и филозофија и привлекува најмногу туристи во светот. Главниот град, Париз, е петтиот најпосетен град во светот.

1. Шпанија – оцена 5,43

На југозападниот дел од Европа, Шпанија може да се пофали со долгите и прекрасни брегови и плажи, а нејзините градови пак се познати како центри на културата и историјата.

Сподели!
- Advertisement -