Промовирана првата модерна македонска бајка

- Advertisement -

Промовирана книгата за деца „Мистериозното јајце“ од младиот автор Оливер Коларевски

 Во присуство на најмладите читатели и љубителите на светот на фантазијата во Скопје беше промовирана книгата за деца „Мистериозното јајце“ од младиот Оливер Коларески. „Мистериозното јајце“ претставува современа бајка и е прво дело во Македонија кое е напишано и илустрирано од еден автор, а автентичниот и динамичен илустраторски израз на Коларевски дава посебен печат на ова дело, оживувајќи ги ликовите и интересната фабула на бајката.

Љубопитноста и фантазијата се основен двигател на оваа бајка. Тоа е приказна која покажува колку различни погледи и очекувања можат да имаат луѓето за иста работа, благодарение на својата фантазија. Искрено се надевам дека сите љубителни на бајки ќе уживаат во оваа книга“, изјави Коларевски на промоцијата.

- Advertisement -

Промоцијата на „Мистериозното јајце“ се одржа во книжарницата „Литература.мк“, а книгата е во издание на издавачката куќа  Арс Ламина. Писателката и уредничка за литература за деца и млади во Арс Ламина, Билјана Црвенковска, на промоцијата истакна:

Кога прв пат ги видов илустрациите на Оливер сфатив дека тој не е само илустратор, туку и автор, бидејќи неговите волшебни ликови и надреални суштества, освен што нѐ носеа во еден прекрасен надреален свет, истовремено раскажуваа и приказна. Кога го добив текстот на ’Мистериозното јајце‘ Оливер ме замоли да го коригирам, сметајќи дека тој не е доволно добар раскажувач. Но за кратко сфатив дека воопшто нема што да се коригира. Во рацете имавме прекрасна модерна бајка. Навистина ми е задоволство што имам можност да работам со автор каков што е Оливер и се надевам дека заедно ќе раскажуваме уште многу бајки“.

- Advertisement -

Издавањето на книгата „Мистериозното јајце“ е поддржано и од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, како и од Министерството за култура на Р. Македонија.

- Advertisement -

Да ѝ се даде шанса на креативноста да создаде нови вредности и нови светови е навистина благороден чин, на кој ние сме особено горди. Наша основна мисија е да создаваме проекти кои на младите креативци ќе им овозможат да работат на конретни идеи кои донесувајќи нова вредност во општеството во целина. Исклучително сме среќни што Оливер Коларевски е дел од тој потенцијал и искрено се надевам на уште многу заеднички проекти“, истакна Ангелка Пеева Лауречниќ, член на Управниот одбор на „Браво Сине“.

Освен на македонски јазик бајката на Коларески „Мистериозното јајце“ е преведена и на англиски јазик.

Сподели!
- Advertisement -