Топ 10 европски дестинации за божиќен шопинг (2 дел)

- Advertisement -

Празниците се период кога многумина сакаат да се во удобноста на сопствениот дом блиску до семејството и до пријaтелите. Други, пак, сакаат да искусат нешто ново, да видат како други места во светот ги празнуваат празниците. Доколку спаѓате во втората група, ви нудиме листа со најубави дестинации за посета оваа зима.

Ледбури, Херфордшир

- Advertisement -

Зошто да го посетите? Можеби има многу поукрасени места за шопинг во Обединетото Кралство како Бат, Брајтон, Манчестер или Лондон, но малиот Ледбури е живописна опција без стрес и брз живот. Со својот пазар стар 4 века, куќите обрабени со дрво, малите занаетчиски продавници и уметничките вибрации градот е преполн со празнична атмосфера. Што да купите тука? Продавницата Hus & Hem е преполна со облека и апарати за дома, малата продавница Three Counties Cider Shop има повеќе од 100 вида „јаболковина“. Може да се најдат и оригинални уметнички принтови, убави килтови, постери итн.

Глазгов, Шкотска

- Advertisement -

Зошто да го посетите? Градот е комбинација од божиќни позитивни вибрации и шопинг на силно осветлени улици полни со трговци. Сезонава има бурен ноќен живот, нешто слично на баловите од 30-тите години опишани во „Големиот Гетсби“. Планинскиот пејзаж, пак,  само ја зголемува привлечноста.

Виена, Австрија

- Advertisement -

Зошто да го посетите? Градот ги има најсофистицираните светла во Европа – прекрасни канделабри и кристали наместо светкави елени ги красат палатите и катедралите во главниот град на Австрија. Има прекрасни концерти и хорови низ целиот град. Има и бројни божиќни пазари. Оттука можете да си купите торти, слатки и секакви деликатеси направени од лешници, марципан и чоколада.

Неапол, Италија

Зошто да го посетите? Од сите италијански градови во Неапол најдобро се празнува Божиќ. Историскиот центар блеска од божиќни светла, има улични музичари, а градот е дом и на најпознатата сцена на раѓањето на Христос. Во текот на целата година уметници работат на таа сцена, која потоа се изложува во црвки и на плоштади.  Немојте да си заминете дома без да купите некои од фигурите од таквите сцени. Виа Толедо е главната улица за шопинг, каде што се сите луксузни брендови.

Амстердам, Холандија

Бајковитата атмосфера во Амстердам оживува особено во зима. Каналите со придушени светла на мостовите изгледаат особено магично кога има снег, додека темната дрвена внатрешност на кафулињата ве мами да влезете. Што да си купите? Има секакви продавници – од бутици, винтиџ, специјализирани продавници до кафулиња, барови и галерии.

Сподели!
- Advertisement -