До 2020 година биткоин ќе троши енергија колку целиот свет

- Advertisement -

Според податоци на Светскиот економски форум, до 2020 година за „рударење“ на биткоин ќе се троши енергија колку што ќе троши целиот свет. Како е тоа возможно? „Рударењето“ криптовалути е создавање нови единици биткоин и веќе троши исто енергија колку што троши целата земја Данска за една година.

За само една трансакција на биткоин се троши енергија колку што ќе потроши едно домаќинство за еден месец. За „рударењето“ биткоин се потребни компјутерски процеси за решавање математички проблеми, а проблемите стануваат посложени колку повеќе компјутери се вклучуваат на мрежата. Затоа, колку повеќе луѓе „рударат“ биткоин толку повеќе енергија е потребна за да се креираат нови единици.

- Advertisement -

Енергијата што се троши за „рударење“ биткоин расте со стапка од 25% месечно. Со ова темпо до 2019 година за „рударењето“ ќе се троши исто енергија колку што трошат денес сите држави од САД, а за само две години отсега за процесот ќе се троши сета енергија од светот. Но, има и позитивна страна на приказната. Бидејќи струјата е скапа, криминалците се уште не се интересираат за биткоин. Прашањето што се поставува тука е дали светот може да си дозволи да „рудари“ биткоин?

Сподели!
- Advertisement -