Тенисерот Енди Мареј инвестираше во британски технолошки стартапи

- Advertisement -

Некогашниот шампион на Вимблдон, веќе има преку дваесет и пет стартапи во кои инвестирал во своето портфолио.

Како што известува The Independent, тенисерот неодамна обезбедил финансиска инјекција за два британски технолошки стартапи како дел од инвестициска рунда од 2,2 милиони евра.

- Advertisement -

Станува збор за стартапот Goodbox, технолошка фирма која работи со катедрали и музеи во сопственост на Црквата на Англија да обезбеди безконтактното плаќање да има бенефит за одредени добротворни организации. Вториот стартап е Zoomdoc, здравствена компанија која им овозможува на пациентите инстантно да букираат превоз за да стигнат до одредена локација во рок од еден час.

Претходно, Мареј инвестираше и во платформата за групно финансирање Seedrs. За своите најнови инвестиции тој изјави:

- Advertisement -

Заинтересиран сум да понудам поддршка во секторот на дигитално здравство, особено во поттикнување на училиштата да креираат дигитални решенија за здравствени проблеми. Инвестициите исто така се и поради потенцијалот кој постои за да придонесе кон револуција во начинот на кој донираме за хуманитарни цели.“

Сподели!
- Advertisement -