Потрагата за работа не е секогаш лесна. Молбите и раговорите за работа честопати се стресни и исцрпуваат. Понекогаш е најдобро повтонро да ги наполните батериите, едноставно да седнете и да се опуштите со добар филм. А зошто не би гледале филм кој би ви дал снага да продолжите со потрагата? Еве кои филмови би можеле да ве мотивираат додека сте во потрага за работа.
1) The Pursuit of Happyness (2006)
Автобиографски филм во кој глумат Вил и Џејден Смит, а се зборува за Крис Гарднер и неговиот пат од бездомник до изврѓен директор на сопствена компанија. Гарднер одлучно се соочува со предизвиците за да му даде пример на сопствениот син. Неговото патување е инспиративно за сите кои настојуваат да создадат подобри можности за себе и за своите семејства.
2) Office Space (1999)
Ова е култен филм за група ИТ експерти кои работат во депресивна канцеларија. Добар е за поттик за сите кои имаат работа, но треба да ги турнете за да станат и да бараат подобра работа. Питер Гибонс и неговите колеги се спротивставуваат кога неколкумина од нив ќе добијат отказ. Нивните методи можеби се екстремни, но покажуваат дека секогаш треба да бидеме свесни за сопствената вредност.
3) Julie & Julia (2009)
Понекогаш приликите сами ни тропнуваат на врата. Во овој случај тоа и се случува на Џули Пауел, млада писателка која работи во центар за корисници, но ја открива сцојата страст за кулинарството. Филмот покажува дека хобијата и интересите можат да ни помогнат да си ја најдеме идеалната кариера.
4) Erin Brockovich (2000)
Во оваа вистинита приказна Џулија Робертс глуми невработена самохрана мајка која се бори против огромна американска нафтена компанија. Нејзината неуморна потрага за вистината и правдата ќе и донесе добро на целата заедница. Убавата порака на филмот е дека кога работите не одат така како што сакаме, можеме да да им се спротивставиме на предизвиците.
5) High Fidelity (2000)
Барате нов почеток или прилика за да си ги остварите соништата? Ова е филмот за вас. Џон Кузак го глуми Роб Гордон, кој работи во дуќан за музика и се чини дека западнал во адолесценција. Гордон во филмот има триесетина години и низ хумор покажува дека крајно време е да созрее. Тој успева да ја пронајде својата цел во животот со помош на пријателите о својата несвесна љубов за музиката.
6) Jerry Maguire (1996)
Успешниот агент за спортисти Џери Мегвајер добива токаз во агенцијата каде што работи. Оваа ненадејна промена го поттикнува да стартува сопствен бизнис, но не во услови на кои е навикнат. Овој филм не учи дека со помош на поддршката од повеќемина можеме да ги пребродиме моментите на несигурност.
7) The Secret of my Succe$s (1987)
Амбициозниот млад човек Брентли Фостер на потежок начин учи како се напредува во корпоративниот свет од нула. Многумина млади луѓе во потрага по работа имаат одредени очекувања и неретко се разочаруваат кога ќе сфатат дека првата работа што ќе ја најдат е далеку од тоа што го замислувале. Она што понекогаш не го сфаќаат е дека токму тие едноставни работи не подготвуваат за предизвиците коишто следуваат.